речник контакт

СДСМ: не слушнавме ништо ново и значајно за Велес

Писмена реакција на СДСМ -Велес за средба на Владата со велешани

Петар Печков

На трибината за жал ништо ново и позитивно за Велес и Велешани. Повторно истата реторика најмногу се зборуваше во идно неопределено време и најупотребуван збор беше зборот ЌЕ, ЌЕ; ЌЕ... Веќе видено и слушнато. Само празни ветувања кои ги слушаме веќе шест години.

Се прашуваме, што е тоа, што како капитален објект се направи во Велес ? Дури и театарот кој требаше да биде изграден до 2010 го нема.  Се отворија ли нови фирми, нови претпријатија,нови работни места, се донесе ли фабриката Дреакслермаер во Велес или отиде во Кавадарци?

Каде е денес Велес, а каде беше пред четири години. Од општина за пример станавме општина на невработени и сиромашни граѓани, општина која нема капацитет да реши ниту едно инфраструктурно, комунално или егзистенцијално прашање на Велешани.

Ако Премиерот не успеа да се пофали со некој нов, започнат и завршен проект за велешани, барем да го кажеше, или повтореше ставот за најгорливото еколошко прашање за велешани, проблемот за Топилницата.

Сметаме дека вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно промашена, без никакви конкретни ветување за нашиот град и Велешани. Владата на премиерот Груевски и локалната власт очигледно не можат да ги решат проблемите на своето членство кое вчера барало вработување, а не пак да решат некој проблем на Градот.

писмена реакција на СДСМ Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »